Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доживеа уште едно европско разочарување и елиминација од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Првиот човек на кралскиот клуб беше видливо незадоволен по натпреварот на „Алијанц арена“, а поразот дополнително ги нагласи проблемите во тимот што се акумулираа во текот на сезоната.
Во финишот од дуелот се виде се и сешто, по натпреварот обвинувања се спуштија врз судијата Славко Винчиќ за исклучувањето на Едуардо Камавинга, а интересен момент се случи во соблекувалната кога Перез му се обратил на младиот Арда Гулер.
„Излегувај од тука, не гледај што ќе се случи сега“, му рекол Перез на младиот Турчин.
Младиот играч од средниот ред, кој беше двоен стрелец во Минхен, ја напуштил соблекувалната, а претседателот на Мадрид продолжил да вика пред другите ѕвезди на својот тим.
„Една сезона без трофеј е неуспех, две се неподносливи. Ви благодарам за вашиот труд денеска, но сезоната е целосно разочарување“, завршил Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

