Донарума се договори со Манчестер Сити

Голманот на ПСЖ, Џанлуџи Донарума веднаш најде нов клуб, откако се раздели на непријателски начин со клубот од Париз. Енрике го „отпиша“ Италијанецот и кажа дека му треба нов тип на голман. ПСЖ веќе го ангажираше Лука Шевалие за свој прв чувар на мрежата, кој вчера бранеше на мечот од УЕФА Супер-Купот, што знаечеше дека за Донарума вратата за излез е отворена.

26-годишниот голман наводно имал разговор со Пеп Гвардиола уште пред да стане јасно дека ќе биде продаден. Манчестер Сити долго време беше заинтерсиран за Донарума, а сега е најблиску до неговите услуги. Наводно веќе самиот голман се договорил со Сити, и сега останува само да се договори со ПСЖ околу отштетата. Неговиот договор истекува во 2026 година, а не се договори за продолжување на соработката, затоа што ПСЖ му понуди помала плата, што беше неприфатливо за поранешниот голман на Милан.

Сити ќе го продаде Едерсон во Галатасарај само да отвори место за италијанскиот чувар на мрежата. Исто така има интерес и од Манчестер Јунајтед, кој би бил одлична аквизиција, но Јунајтед треба да се ослободи од Онана, кој покажува разочарувачки партии по неговиот трансфер од Интер пред две години. Меѓутоа „Црвените ѓаволи“ многу заостануваат во преговорите, и шансите за ангажман се минимални.

Се вчитува...