Дончиќ бара 100 милиони долари за нов договор!

Само една година му беше доволна на Лука Дончиќ за да се промовира во нова НБА-ѕвезда. Словенецот блескаше во дресот на Далас, го привлече вниманието на навивачите и на спонзорите, па сега сака добро да го наплати тоа, барајќи 100 милиони долари за потпис на нов договор.

Не станува збор за договор со Далас Маверикс, туку со компанијата „Најк“, за носење на патики од овој американски бренд. Дончиќ имаше договор со „Најк“ уште од времето кога настапуваше за рел, тој можеше автоматски да биде продолжен, но Словенецот ја одби оваа опција чекајќи истиот да истече токму денеска. Сега тој е слободен за нови преговори, во преден план останува истата компанија, но асот на Далас бара огромни 100 милиони долари за петгодишна соработка со „Најк“.

 „Патиките се многу важни за мене, од една страна поради удобноста, а од друга страна приврзан сум за овој дел од опремата уште од почетокот на кариерата. Нема да брзам и ќе го донесам вистинскиот избор“ – истакна Дончиќ.

Првиот пик на драфтот, Зион Вилијамсон, потпиша петгодишен договор со „Најк“ за вкупно 75 милиони долари, а Дончиќ ќе инсистира неговиот договор да биде побогат од оној на американскиот суперталент.

Се вчитува...