Дончиќ доби НБА прекар, „кум“ е Дирк Новицки

Лука Дончиќ влегува во големото друштво во НБА лигата. Не само со своите спектакуларни настапи во  својата дебитантската сезона во дресот на Далас, туку и по еден специфичен белег што го имаат само најголемите во најсилната кошаркарска лига во светот.

Леброн Џејмс е „Крал“, Мајкл Џордан „Ер“… Лука Дончиќ е „Матадор“! Прекарите се составен ден од НБА лигата, вообичаено ги добиваат најголемите, некогаш и помалите, но ретко кој го добило тоа на 19 години. Но, спектакуларниот Дончиќ кој веќе му „лепи банани“ и на Кралот Џејмс, го доби својот НБА прекар и стана „Матадор“. Овој прекар на младиот Словенец му го дал легендарниот Дирк Новицки.

А, како што открива славниот Новицки за „Спорт Илустрејд“, причината не е само тоа што Дончиќ во НБА дојде од Реал Мадрид, туку многу повеќе начинот на кој што игра.

Лука игра на таков начин. Цело време тој малку по малку ги предизвикува противниците пред сите, постојано комуницира со гледачите. По секој потег се врти кон нив, му треба нивниот одзив. Подобро од секој друг што сум го видел во животот. Тој е како Матадор“ – изјави искусниот Дирк Новицки за својот наследник во тимот на Далас.

Се вчитува...