Дончиќ е голем фан на Тоше Проески, еве која песна му е омилена (фото)

Тешко е да се остане фокусиран во пеколен распоред како оној во НБА-лигата, но на Лука Дончиќ тоа му успева благодарение на фактот што знае како да се релаксира во слободното време. А словенечкиот тинејџер тоа го прави слушајќи го најдобриот македонски пејач, Тоше Проески.

Дончиќ важи за голем фан на песните на прерано починатата македонска ѕвезда, па така на своите профили на социјалните мрежи објави дека возејќи се низ улиците на Далас ги слуша токму мелодиите на Тоше, „Игри без граници“, следена од „Волим осмех твој“…

Се вчитува...