Американските медиуми пренесуваат дека главната причина за одлуката на Далас да го трејдува еден од своите најдобри кошаркари Лука Дончиќ во редовите на ЛА Лејкерс е лошата физичка состојба на Словенецот.
Според добри познавачи на состојбите во екипата на Далас, словенечкиот репрезентативец многу се здебелил за време на заздравувањето од повредата, стигнал до 122 килограми, нешто кое од клубот веќе не можеле да го толерираат.
Според статистичките информации, Дончиќ е седми најтежок играч во НБА лигата.
„Дончиќ секоја сезона е потежок и понеподвижен, што автоматски му ја намалува експлозивноста на теренот, но и го зголемува ризикот од повреди. Лука Дончиќ поради чести повреди пропушти 27 од 49 натпревари во НБА лигата оваа сезона. Далас тоа повеќе не можеше да го толерира“ – пренесуваат американските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА