Се појавија нови детали од правната битка меѓу Лука Дончиќ и Анамарија Голтес. Проблемите траат веќе долго време, но јавноста неодамна дозна за проблемите на овој пар.
Дончиќ раскина со својата долгогодишна партнерка, а сега се соочува со сослушувања и борба за старателство над своите ќерки. Словенецот неодамна ја шокираше јавноста со пораката дека нема да игра за словенечката репрезентација ова лето, наведувајќи ја битката за старателство како причина.
Сепак, сега се појавија нови обвинувања, а тие велат дека Анамарија практично го принудила Дончиќ да се откаже од играњето за Словенија. Таа го обвинила кошаркарот на суд дека ги занемарува децата, а секој пат кога Лука одел да игра за репрезентацијата, неговата поранешна девојка можела да го искористи тоа против него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
