Дончиќ е во очајна форма – „Едноставно не ги чувствувам нозете“

Далас Маверикс почна очајно во новата сезона во НБА лигата, а една од главните причини за тоа е очајната шутерска форма на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ. Очигледно е дека Лука не е влезен во ритам, нешто што и самиот го признава.

„Не знам во што е проблемото. Мислам дека нозете ми се просто преморени. Не ги чувствувам. Меѓутоа тоа не е изговор и јасно е дека морам да бидам подобар. Имам само 21 година и сум во третата сезона во НБА, затоа морам уште многу да напредувам. Морам да работам секојдневно на шутот“, изјави Дончиќ. 

 

Се вчитува...