Дончиќ: Едвај дишам, коленото ме боли… но ова е плејоф и се игра на адреналин

Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален меч за Далас во плејофот од НБА-лигата, откако Словенецот со 35 поени и 10 асистенции го предводеше својот тим до убедлива победа на гостувањето против ЛА клиперс, за водство од 3-2 во оваа плејоф-серија.

Дончиќ сега е еден од петте НБА-легенди кои до својата 25 година имале најмалку 20 средби со над 30 постигнати поени. Исто така, Лука го урна рекордот на Мајкл Џордан по бројот на гостувања на кои има најмалку 20 постигнати поени (Дончиќ е во серија од 16 вакви средби).

Успехот е уште поголем ако се знае дека Дончиќ од самиот почеток на плејофот се соочува со сериозни здравствени проблеми, има силен грип, но и се мачи со незгодна повреда на коленото, но тоа не го запира да го предводи својот тим.

„Не е лесно. Не можам да дишам низ носот додека траат натпреварите, едвај чекам да дојде тајмаут за да го издувам. Повредата на коленото е нешто константно, кога ќе се загрее не е толку страшно, но штом заврши мечот мора да се стави лед. Тешко е, но овае плејоф, се игра на адреналин. Тоа ме влече напред, да бидам фокусирам 100% и да дадам се од себе за да победиме. Тоа го направивме и денеска во Лос Анџелес, најмногу благодарение на одличната одбрана. Комуникацијата меѓу сите играчи беше неверојатна“, истакна Лука Дончиќ.

Се вчитува...