Дончиќ емотивно се прости од Дон Нелсон

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се прости од легендарниот Дон Нелсон. Во неделата навечер, кошаркарската јавност ја прими тажната вест за смртта на 86-годишната НБА-легенда Дон Нелсон.

Тој е втор на вечната листа според бројот на победи како тренер и беше еден од највлијателните стратези, почнувајќи од ерата на „Нелибол“  во Милвоки кон крајот на 70-тите години.

Потоа ги предводеше Голден Стејт Вориорс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Иако нема освоено титула како тренер, тој трипати беше прогласуван за тренер на годината и официјално е вброен меѓу десетте најдобри тренери во историјата на НБА.

Лука Дончиќ е близок со неговиот син Дони и преку социјалните мрежи се прости од легендарниот Нели.

„Ова е многу тажен ден поради смртта на Дон Нелсон. Чувствувам голема почит кон него и кон сè што направи за кошарката, а особено кон тоа како веруваше во интернационалните играчи. Благодарен сум за времето поминато со него, а моите мисли се со целото семејство Нелсон. Среќен сум што те запознав, тренеру“, напиша Лука Дончиќ.

Се вчитува...