Дончиќ го кани Гобер во Далас

Руди Гобер го одигра своето во дресот на Јута Џез, првиот кошаркар заболен од коронавирус во НБА-лигата болеста ја пренесе врз првата „ѕвезда“ на тимот, Донован Мичел, кој ќе стори се за францускиот центар што поскоро да си замине од клубот од Солт Лејк Сити.

Ваквата ситуација планираат да ја искористат челниците на Далас маверикс, кои веќе најавиле преговори со Јута за ангажман на Гобер во својот табор. Иницијатор на идејата e Лука Дончиќ, кој верува дека тимот што делува беспрекорно на шутерски план со присуството на Гобер би добил многу и во борбата под обрачите. Сопственикот Марк Кјубан ја прифатил оваа идеја на својата прва „ѕвезда“ како интересна, па останува во следниот период да се интензивираат преговорите.

Двајт Пауел и Тим Хардавеј Џуниор би биле испратени во пакет во Јута, заедно со пик од драфтот во 2025 година, но останува да се види дали „џезерите“ во меѓувреме ќе добијат некоја поинтересна понуда за својот одличен центар.

Се вчитува...