Кошаркарскиот клуб Рома СПКР, во кој Лука Дончиќ е еден од главните инвеститори, ги објави првите засилувања за следната сезона. Според италијанските новинари, станува збор за плејмејкерот Нико Манион, кој ќе добие пет милиони евра за тригодишен договор.
Манион има 25 години, а претходните две сезони ги помина во Олимпија Милано, за која во Евролигата имаше просек од 4,2 поени и 2 асистенции за 11 и пол минути. Во интервју за Газета дело спорт, Дончиќ го откри името на тимот, но не сакаше да зборува за засилувањата.
„Знам дека има голем интерес за имињата на играчите, но се уште се подготвува многу и не сакам да откривам ништо однапред. Сепак, можам да кажам едно, им ветувам на Римјаните дека ќе бидат воодушевени од она што го планираме. Сакам да победувам во се што правам. Тоа е секогаш мојата цел, а така ќе биде и во Рим“, рече Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
