Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, Харден броеше до 42 (ВИДЕО)

Со 24 поени, на кои додаде и 14 скока и осум асистенции, Лука Дончиќ беше клучен за победата на Далас на гостувањето кај Мемфис од 122-138. Само две асистенции го делеа словенечкиот кошаркар од нов трипл-дабл и постигнување кое повотрно ќе го забележеше во историјата на Лигата.

Далас победата почна да ја гради во втората четвртина, на полувремето имаше плус шест поени предност, на крајот на третата четврина зголеми до позитива од 13, а до крајот рутински го одработи триумфот со плус 16 поени. „Маверикс“ имаат биланс од 6 победи и три пораза и со него се на третото место во Западната конференција и ја предводат поголемата група екипи која има идентичен биланс.

Во неа е и Хјустон по триумфот од 94-117 на гостувањето кај Чикаго. Со 42 поени, Џејмс Харден го предводеше тимот од четвртата последовна победа. Расел Вестбрук му помогна со 26 поени.

Голден Стејт останува закован на дното на Западот по новиот неуспех. Загуби и од Оклахома, со 114-108. Шампионот од пред две сезони во чии редови не се главните играчи поради повреди, има биланс од само две победи и осум порази. Оклахома пак е на 10. место со ефект 4-5.

 

Се вчитува...