Дончиќ го стигна рекордот на Меџик Џонсон

Далас загуби уште еден натпревар, овојпат на домашен терен од Сакраменто, но Лука Дончиќ испиша историја откако го израмни рекордот на легендарниот Меџик Џонсон. Тој го заврши мечот со 28 поени, 12 скокови и 12 асистенции, со што стана само втор играч во историјата што до 21-годишна возраст имал седум трипл-дабл натпревари зад своето име.

Воедно, тој се израмни на третото место на вечната листа на дебитанти со трипл-дабл. Рамо до рамо со него е Меџик Џонсон, но тешко е да се поверува дека Дончиќ ќе успее да го стигне Бен Симонс, кој лани во дресот на Филаделфија имаше 12 трипл-дабл остварувања. Далеку пред сите е легендарниот Оскар Робертсон, кој имаше 26 натпревари со трипл-дабл во сезоната 1960/61.

Останува да се види дали ваквите натпревари ќе бидат доволни за младиот Словенец да се закити со признанието „Дебитант на сезоната“, за кое главен ривал му е Тре Јанг од Атланта.

Се вчитува...