Дончиќ го украде шоуто во Мексико – Нова неверојатна партија на младиот Словенец (ВИДЕО)

Лука Дончиќ продолжува со неверојатните партии во НБА лигата. Тој во победата на неговиот Далас над Детроит од 122-111 во мечот кој се играше во Мексико, забележа нов трипл-дабл учинок од 41 поен, 12 скока и 11 асистенции.

Во дербито на вечерта Филаделфија му го нанесе првиот пораз на домашен терен на Бостон (105-109). Прво име во победничкиот табор беше Џоел Ембид со 38 поени и 13 скока, додека кај домаќините Кемба Вокер го заврши мечот со 29 поени.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа над Портланд, овој пат од 114-99. Јокиќ дуелот го заврши со дабл-дабл од 20 поени и 11 скока. Кај Портланд недоволна беше одличната партија на Хасан Вајтсајд кој забележа 33 поени.

Во последниот натпревар од програмата Кливленд по продолженија беше подобар од Сан Антонио со 105-109. Кевин Лав одигра партија како во најдобрите денови постигнувајќи 30 поени, надополнети со 17 скока. Кај Спурс Демар Дероузен мечот го заврши со 21 поен.

Се вчитува...