Далас маверикс продолжи со одлични игри откако тимот предводен од Лука Дончиќ на гостински терен го декласираше Хјустон со 108-128, за своја седма победа во последните осум одиграни натпревари. Џејмс Харден стигна до трипл-дабл за „ракетите“ реализирајќи 25 поени, 11 скокови и 17 асистенции, но и тоа не беше доволно кога Хјустон одигра очајно во одбраната дозволувајќи гостите да реализираат 128 поени. Во преден план беше Дончиќ со 20 поени и шест скокови за 24 минути игра, исто толку постигна и Харис.
Портланд во трилер-натпревар славеше над Орландо со 115-112 пред се благодарение на извонредното издание на Лилард. Бекот на Портланд одигра извонреден меч погодувајќи десет тројки (клупски рекорд) реализирајќи вкупно 41 поен, додека кај Орландо одличен беше Вучевиќ со 20 поени, 8 скокови и 7 асистенции.
Во топ-форма влегува и Расел Вестбрук, кој оствари трипл-дабл при домашниот триумф на Оклахома над Кливленд од 100-83. Асот на Оклахома сити го заврши мечот со 23 поени, 19 скокови и 15 асистенци, Грант додаде 21, а Џорџ 18 поени за победничкиот тим.
Резултати НБА:
Шарлот – Атланта 108-94, Филаделфија – Њујорк 117-91, Бруклин – Јута 91-101, Хјустон – Далас 108-128, Милвоки – Чикаго 116-113, Минесота – Сан Антонио 128-89, Њу Орлеанс – Вашингтон 125-104, Оклахома сити – Кливленд 100-83, Портланд – Орландо 115-112, ЛА клиперс – Феникс 115-99.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА