Дончиќ и Далас знаат како против Лос Анџелес Лејкерс (ВИДЕО)

Со 21 поен од вкупните 27 во второто полувреме, Лука Дончиќ беше лидер во триумфот на Далас во дерби пресметката на Западната конференција со Лос Анџелес Лејкерс со 114-100. По 10 последовни победи, ова е прекин на серијата на „лејкерс“ за кои ова беше само трет пораз сезонава и остануваат на лидерската позиција во конференцијата. Далас дојде до биланс 13-6, 7-2 на гостувањата и е четвртопалсиран на Запад.

Заостанувањето што го имаше на полувремето, Далас го надомести со серијата од 28-5 на почетокот на вториот дел. Воо вој период се разбуди и Дончиќ, па на крајот воопшто и немаше драма околу конечниот исход. Покрај Словенецот, Делон Рајс имаше одлично издание со 17 поени, а Порзингис, Џексон и Пауелл постигнаа по 15 поени. Кај „лејкерс“, Ентони Дејвис имаше 27 поени, а Леброн Џејмс 25.

За разлика од „лејкерс“, Торнто и Лос Анџелес Клиперс немаа проблеми да дојдат до уверливи победи. Торонто со 130-110 ја победи Јута, а „клиперс“ во суперефикасен натпревар со 150-125 славеа над Вашингтон. Паскал Сијакам со 35 поени беше лидер во тирумфот на актуелниот првак додека Каваи Ленард со 34 поени ги предводеше „клиперс“ до 15-та сезонска победа. Тимот од Лос Анџелес е третопласиран во Западната конференција. Торонто е на вторто место на Исток во вкупен биланс 15-4.

 

 

 

Се вчитува...