Дончиќ и Леброн уриваа рекорди во Далас

Далас маверикс и ЛА лејкерс одиграа фантастичен натпревар, во кој на крајот триумфираа „езерџиите“, и тоа по продолжение од пет минути (110-119). Во главна улога очекувано беа Лука Дончиќ на едната и Леброн Џејмс на другата страна, двајца одигра извонреден дуел и стигнаа до трипл-дабл, Словенецот со 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции, а „кралот Џејмс“ со 39 поени, 12 скокови и 16 асистенции.

Со тоа, Џејмс стана највозрасниот играч што стигнал до трипл-дабл со над 30 поени и 15 асистенции на натпревар, додека Дончиќ најмлад кошаркар кому ова успеало да му појде од рака. Далас беше на чекор до победата во регуларниот дел од мечот, но Дени Грин постигна поени со звукот на сирената и изнуди продолжение, кое мина во апсолутна доминација на Леброн и соиграчите.

Бруклин триумфираше над Хјустон со 123-116, меч на кој Харден постигна 36 поени, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф. Тејтум со поени на една секунда до крајот му донесе победа на Бостон на дуелот со Њујорк (104-102), додека Голден Стејт по повредата на Кари очекувано загуби убедливо од Сан Антонио (110-127).

Резултати НБА:

Бруклин – Хјустон 123-116, Индијана – Кливленд 102-95, Орландо – Милвоки 91-123, Бостон – Њујорк 104-102, Чикаго – Детроит 112-106, Далас – ЛА лејкерс 110-119, Сакраменто – Јута 102-101, Голден Стејт – Сан Антонио 110-127.

Се вчитува...