Дончиќ има големо срце – ги соблече патиките за подарок за болно дете (видео)

Лука Дончиќ стигна до четвртиот трипл-дабл (28 поени, 10 скока, 10 асистенции) во НБА-кариерата на гостувањето против ЛА Клиперс, но младиот Словенец најдобриот потег го имаше по натпреварот, покажувајќи го своето големо срце.

Имено, еден навивач му ги побара на Дончиќ патиките за своето болно дете, а Лука не размислуваше многу, ги соблече од нозе, им стави автограм и му ги даде во раце на детето.

Разбирливо, радоста беше огромна…

 

Се вчитува...