„Дончиќ има карактер, почит…, зрел е и знае што прави во секој момент“

Словенецот Лука Дончиќ брилјира сезонава во НБА лигата, и покрај повредите демонстрирајќи го сиот свој квалитет. Оние кои го познаваат истакнуваат дека не се изненадени нагласувајќи дека се работи за огромен талент чија макотрпна работа сега се наплатува.

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, истакнува дека од самиот почеток на работата со него видел дека Словенецот е нешто посебно.

„Има карактер, почит… Зрел е, знае што работи во секој момент. Не е тоа само кошарка и паркет. Веројатно и поради тоа така добро се развива и во НБА, па лесно се прилагодува на секој ситуација“ – вели Ласо, и дополнува:

„Со само 13 години дојде во Реал и секогаш беше подготвен за игра, да му помогне на својот тим… Во 2015 година го ставивме во првиот тим, и тој после само неколку денови стана еден од главните во тимот. Така е во текот на целата кариера“.

Се вчитува...