Долгоочекуваното деби на францускиот кошаркарски мега талент Виктор Вембанјама за Сан Антонио на официјален натпревар во НБА лигата го расипа Словенецот Лука Дончиќ кој постигна трипл-дабл учинок во победата на неговиот Далас.
Сепак Словенецот по средбата не ги криеше импресиите од 19-годишникот висок 224 сантиметри изјавувајќи дека ќе има блескава иднина.
„Беше забавно. Знаевме дека целата сала ќе полуди, тој е еден од најголемите таленти кои заиграле во НБА. За мене лично беше многу интересно, беше интересен предизвик.
Виктор е извонреден. Начинот на кој се движи за неговата висина е неверојатно. Се движи како бек. Навистина е импресивен и знам дека ќе има блескава иднина ќе биде интересно да го гледаме“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА