Дончиќ израмни уникатен рекорд на Мајкл Џордан

Лука Дончиќ воопшто не влезе во игра во последната четвртина од убедливата победа на Далас над Њу Орлеанс (130-84), но Словенецот и без тоа успеа да стигне до фантастично остварување, израмнувајќи рекорд на неповторливиот Мајкл Џордан.

Дончиќ 18. натпревар по ред успеа да реализира најмалку 20 поени, пет асистенции и пет скокови, нешто што претходно му има успеано на Мајкл Џордан и на Оскар Робертсон.

Словенечката суперѕвезда го заврши дуелот против Њу Орлеанс со 26 поени, девет асистенции и шест скокови зад своето име.

Се вчитува...