Дончиќ извонреден на преминот од старата во новата година, но за Далас тоа не е доволно (ВИДЕО)

Оклахома на домашен паркет го победи Далас со 106-101 по неизвесна завршница во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата, на преминот од старата во новата година.

Лука Дончиќ беше одличен, завршувајќи до мечот со 35 поени, 10 скока и седум асистенции, но во последните секунди промаши тројка за израмнување.

Оклахома до победата беше предводена од Данило Галинари и Денис Шродер кои постинаа по 20 поени.

Нови победи запишаа и Хјустон кој на крилјата на Џејмс Харден, со 35 поени, и Расел Вестбрук со 28 поени славеше против Денвер. Никола Јокиќ мечот го заврши со 21 поен.

Актуелните шампиони Торонто немаа проблем против Кливленд. Домашните со 24 поени на Ловри со 117-97 славеа против Кливленд.

Сан Антонио во драматичен меч, по продолжение, беше подобар од Голден стејт со 117-113. Кај домашните се издвои ДеРозан со 24 поени, а кај гостите Баркс со 28 поени.

Се вчитува...