Дончиќ, како секогаш, скромен: Моите рекорди не се важни, туку победите на Далас

Феноменалниот Словенец, Лука Дончиќ игра неверојатна дебитантска сезона во НБА лигата.

Во синоќешната победа на Далас против Њу Орлеанс му беше потребен само еден скок за да стигне до „трипл-дабл“ ефект. На тој начин би го соборил рекордот на Маркел Фултц како најмлад кошаркар кој стигнал до „трипл-дабл“ во историјата.

Сепак, Дончиќ по мечот порача дека тоа не му е важно, туку сака само победи со Далас…

„Само сакав да победиме. Да имавме поголема предност можеби и ќе го бркав тој трипл-дабл. Сепак, само победите ми се важни а не моите рекорди“ – истакна Дончиќ кој натпреварот го заврши со 21 поен, 10 асистенции и девет скока.

Се вчитува...