Дончиќ ќе биде подготвен за мечот со Сакраменто

Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл ќе може да смета на Лука Дончиќ за вечерашниот меч против Сакраменто Кингс, пренесуваат американските медиуми. Дончиќ поради повреда на скочниот зглоб пропушти седум натпревари, а без него во тимот Мавс забележи три победи и четири порази.

Во вторникот младиот Словенец одработи целосен тренинг, а потоа им соопшти на новинарите дека ќе биде подготвен за мечот против Кингс. Сепак, од тимот соопштија дека Дончиќ се уште е под знак прашалник, но сигурно ќе биде подготвен за „Ол-стар“ викендот во Чикаго, кој на програмата е викендов.

 

Се вчитува...