Дончиќ: Конечно, можам да се пофалам дека сум целосно здрав

Лука Дончиќ ги израдува навивачите на ЛА Лејкерс објавувајќи дека целосно ги остави зад себе проблемите што го мачеа подолг период со најразлични повреди.

Словенецот ја заврши ланската сезона како најдобар стрелец во НБА-лигата, но заработи незгодна повреда поради која не можеше да им помогне на „езерџиите“ во плејофот. Во ситуација кога Леброн Џејмс си замина од Ел-Еј сега Дончиќ е апсолутниот лидер на лејкерси, а Словенецот е максимално подготвен за тој предизвик.

„Ова ми беше вистинска пауза, ја санирав последната повреда, но и оние што ме мачеа од претходно. Во првите неколку седмици по завршувањето на сезоната си земав целосна пауза од кошарка, за телото да може да се опорави. Можам да кажам дека по подолго време се чувствувам 100% здрав. Кога ќе си дозволам самиот малку да се оддалечам, за кошарката да почне малку да ми недостига, да испробам некои други работи, тоа само ме мотивира уште повеќе кога ќе се вратам на играњето. Пред нас е голем предизвик, но подготвени сме за се што не очекува како тим“, порача Дончиќ.

Се вчитува...