Дончиќ-манијата ги полудува соиграчите: „Јас не сум Лука Дончиќ!“

Словенечкото кошаркарско чудо Лука Дончиќ потполно ја освои НБА. Фановите во Далас лудуваат по него, па иако нема да биде дел од главниот натпревар на Ол-стар викендот, сепак, неговата популарност е огромна. А со тоа си имаат проблеми и неговите соиграчи. Најмногу, Германецот Макси Клебер, кој неверојатно наликува на Лука. Припадничките на понежниот пол многу често мислат дека токму тој е Дончиќ и му приоѓаат, а Макси мора да објаснува.

Смисли и интересен начин како да го реши проблемот. Испечати маица со порака „Јас не сум Лука Дончиќ“.

„Луѓето постојано мислат дека сум Лука. Бараат да им дадам автограм на негови фотографии. Се шегуваме многу со Дончиќ за ова, но јас едноставно морам да им кажам на фановите дека не сум Лука. Испечатив и маица, па ќе видиме дали ќе се реши проблемот“, вели во шега германскиот кошаркар Макси Клебер.

Се вчитува...