Дончиќ: Ми недостасува Мадрид, повторно ќе се вратам таму

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ вели дека во еден момент од својата кариера повторно ќе се врати во Мадрид, во својот поранешен клуб Реал.

Дончиќ со Реал минатата сезона ја освои Евролигата и собра бројни други награди, па летово се пресели во НБА лигата. На драфтот беше избран од Далас.

Лука открива дека сепак, и покрај тоа што одлучни му оди во Далас, му недостасува поранешниот клуб и град.

„Секогаш кажувам колку ми недостасува Мадрид. Тоа е вистина. Сите – од играчи, физиотерапевти, стручен штаб, тренер… Сите кон мене беа добри, па кога се ова ќе се заврши веројатно ќе се вратам во Мадрид“ – вели Дончиќ.

Дончиќ ноќта меѓу неделата и понеделникот го пропушти својот прв НБА меч поради повреда, но Дала сепак го доби ЛА Клиперс. Што се однесува до повредата таа не е од сериозна природа и Лука се очекува наскоро да се врати на паркетот. Можеби веќе против Портланд.

Се вчитува...