Дончиќ не е „нормален“…., Јокиќ со феноменална партија го однесе Денвер во плеј-оф (ВИДЕО)

Њу Орлеанс и Далас го одиграа еден од најинтересните натпревари од синоќешната програма во НБА лигата. Мечот во Далас заврши дури по продолжението, со славје на Њу Орлеанс од 125-129.

Иако мечот мина главно низ израмнета битка, во продолжението Далас немаше сили па Пеликанс сосема заслужено стигнаа до победата.

Но, она што е за издвојување од овој дуел повторно е Словенецот Лука Дончиќ кој пружа неверојатни партии во својата прва НБА сезона. Запиша „трипл-дабл“ со 29 поени, 13 скока и 10 асистенции, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.

 

Денвер, пак, победи на гостувањето против Бостон со 114-105. Носител на победата на Денвер беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 21 поен, 13 скока и седум асистенции. Со оваа победа Денвер успеа да обезбеди место во плеј-офот во кој ќе игра првпат од сезоната 2012/2013.

 

Се вчитува...