Дончиќ не е од оваа планета, Лејкерс продолжуваат да „газат“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ повторно го предводеше Далас Маваерикс до уште една победа во НБА лигата. Тој беше најдобар поединец во тимот на Мавс, на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс кој неговиот тим го доби со 125-133. Победникот беше решен уште во првиот период во кој Далас успеа да постигне неверојатни 45 поени. Дончиќ со 27 поени, 6 скока и 9 асистенции имаше повторно вечер за паметење, додека кај поразените повторно најдобар беше Демјан Лилард со уфрлени 47 поени.

ЛА Лејкерс продолжуваат со одличните настапи во НБА лигата, задржувајќи ја првата позиција во Западната конференција. Леброн и дружината по Њујорк, лесно го совлада и Бруклин со 113-128. Леброн Џејмс запиша нов трипл-дабл учинок со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции, а солидни беа и Дејвис и Кузма кои мечот го завршија со 16 поени. Кај, Нетс се истакна Кајри Ирвинг кој дуелот го заврши со 20 поени.

Во последниот меч од програмата видовме уште една победа на гостите. Вашингтон во дербито на дното на Истокот беше подобар од Кливлен со 112-124. Бредли Бил со 36 поени беше прво име кај Визардс, додека кај Кавалирс се истакна Кевин Лав со 21 поен.

Се вчитува...