Дончиќ не е од оваа планета – партија за паметење против Сан Антонио

Лука Дончиќ уште еднаш ја потврди својата кошаркарска големина, со неверојатно издание предводејќи го Далас до победа над Сан Антонио од 117-110. Младиот Словенец не само што реализираше 42 поени, туку успеа да стигне и до трипл-дабл (11 скокови и 12 асистенции), доведувајќи ги до лудило противничките кошаркари кои се обидоа да го неутрализираат.

Со овој меч Дончиќ стана втор најмлад кошаркар (20 години и 263 дена) во историјата што остварил трипл-дабл со над 40 постигнати поени, зад Леброн Џејмс, кој имаше вакво достигнување на возраст од 20  години и 100 дена.

Каваи Ленард го пропушти и третиот меч во серија за ЛА Клиперс, но неговиот тим успеа да слави над Оклахома со минимални 90-88. Хјустон го декласираше Портланд со 132-108, меч на кој Харден постигна 36 поени, а Вестбрук оствари трипл-дабл од 38 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Шампионот Торонто лесно славеше над Шарлот со 132-96, додека Милвоки забелеа триумф на гостински терен со 101-115.

Резултати НБА:

Њујорк – Кливленд 123-105, Бруклин – Индијана 86-115, Торонто – Шарлот 132-96, Чикаго – Милвоки 101-115, Хјустон – Портланд 132-108, Далас – Сан Антонио 117-110, Феникс – Бостон 85-99, Јута – Минесота 102-112, ЛА Клиперс – Оклахома 90-88.

Се вчитува...