Дончиќ откри кој е за него најдобар кошаркар на сите времиња

Далас и Минесота деновиве пред почетокот на НБА лигата играат неколку егзибициски натпревари во Абу Даби, а во центарот на вниманието секако е Лука Дончиќ.

Една од најголемите ѕвезди на светската кошарка е во фокусот на јавноста на теренот и надвор од него, а Дончиќ на конференција во главниот град на ОАЕ беше запрашан кој според него е најдобриот кошаркар на сите времиња.

Лука без премногу размислување рече: „Мајкл Џордан“.

Ова е изненадување бидејќи се знае дека Дончиќ во текот на целата кариера не го криеше воодушевувањето од Леброн Џејмс кој го смета за свој идол.

Се вчитува...