ВИДЕО: Гобер подло го удри со бокс Дончиќ, па Лука на крај му одговори со победничка тројка и жестоки пцовки!

Далас ја совлада Минесота со 108-109 поведувајќи со 2-0 во финалната серија во Западната конференција на НБА лигата, благодарение само на волшебникот Лука Дончиќ кој донесе триумф со феноменална тројка на три секунди пред крајот.

При резултат 108-106, Дончиќ танцуваше покрај Руди Гобер лесно ослободувајќи се од најдобриот одбранбен играч во лигата и погоди тројка за триумф на неговиот тим.

Мечот го заврши со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот оваа сезона.

Но, дури откако ја погоди тројката за победа, Дончиќ приреди вистинско шоу. Очигледно беше дека го совладаа емоциите, па не бираше зборови навреди кон најдобриот дефанзивец во лигата, Руди Гобер.

„Не можеш е..но да ме чуваш. Оди дома к…о“ – урлаше Дончиќ кон Гобер, кој воопшто не се осврна на прозивките.

А, сите тие емоции по победничката тројка следеа откако претходно Гобер крајно неспортски очигледно намерно му удри бокс на Дончиќ во стомак. Лука тоа секако не го заборави, па на крај му се одмазди на најдобар можен начин…

Се вчитува...