Дончиќ: Полесно е да дадеш кош во НБА отколку во Европа

Лука Дончиќ лани го предводеше Реал Мадрид до титулата во Евролигата, за младиот Словенец експресно да се адаптира во НБА, наметнувајќи се како најдобар млад играч во најсилната лига во светот. Дончиќ во изјава за американските медиуми направи и мала споредба на европската кошарка и НБА.

„Кога играш напад, дефинитивно е полесно да дадеш кош во НБА отколку во Европа. Овде теренот е поголем, го има и правилото за три секунди во одбраната, што овозможува полесен влез во рекетот. Затоа мислам дека е полесно да се поентира кога се игра во НБА-лигата“ – истакна Дончиќ.

Тој проговори и за разочарувањето што не се најде на списокот на играчи што ќе настапат на главниот олстар натпревар.

„Сакав да играм, да бидам дел од тој спектакл и не кријам дека бев разочаран што не се најдов на списокот. Сепак, за мене најважно е што толку многу луѓе гласааа за мене. Тоа ми значи многу, ми дава дополнителен мотив да напредувам. Можеби догодина ќе играм на олстар“ – оптимист е Лука Дончиќ.

Се вчитува...