Брус Браун, соиграчот на Никола Јокиќ од Денвер, е еден од најинтересните слободни играчи кои сè уште не се ангажирани, а и тоа како се посакувани од НБА тимовите.
По Кливленд Кавалирс и ЛА Лејкерс сега и Мајами Хит се приклучија во трката за Браун. Но, пред се тоа е желба на Лука Доничиќ, кој, според информациите, го посакува во својот тим.
30-годишниот бек има осум сезони во НБА, а особено е запаметен по улогата што ја играше во шампионскиот тим на Денвер Нагетс во 2023 година.
Токму со Денвер, Браун ги обезбеди некои од најдобрите натпревари во неговата кариера, а неговите разновидни способности и искуство го прават интересна опција за тимовите кои сакаат да ја зајакнат бековската линија.
Браун повторно го носеше дресот на Денвер минатата сезона и играше во сите 82 натпревари. Тој имаше просек од 7,9 поени, 3,9 скока, 2,1 асистенции и една украдена топка за 24,4 минути на паркетот. Особено е добар во шутирањето за три поени, бидејќи ја заврши сезоната со 38,5 проценти успешност од зад линијата од 7,24 метри, со 47,5 проценти успешност од полето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
