Дончиќ повреди детенце, па ја покажа својата големина… На крајот му подари и дрес (ВИДЕО)

Лука Дончиќ интензивно, од меч на меч, ги освојува се повеќе Американците. Но, не само со игрите на терен но и со своите се поочигледно човечки квалитети.

На синоќешниот меч против Голден стејт, Дончиќ случајно по еден дуел со противнички кошаркар излета од терен и удри во детенци покрај паркетот. Но, Лука не помина онака преку тоа. Повеќе од една минута остана покрај детенцето во желба да види дека е се во ред со него…

 

А, на крајот од мечот не го заборави тој момент.

Па повторно се врати кај малото детенце подарувајќи му дрес со автограм…

 

Се вчитува...