Дончиќ повторно „дрма“, Голден Стејт шокиран во Мајами (ВИДЕО)

Двејн Вејд со тројка во последната секунда му донесе на Мајами изненадувачки триумф од 126-125 над првакот во НБА лигата, Голден Стејт. Ветеранот одигра одличен натпревар и беше еден од клучните играчи на средбата заедно со Горан Драгиќ кој беше прв стрелец на мајами со 27 поени, Вејд постигна 25.

На Голден Стејт не му беа доволни ниту 36-те поени и седумте тројки на Клеј Томпсон кој имаше одлична помош од Кевин Дурент со 26 поени  и од Стеф Кари кој постигна 24 поени.

Со овој пораз, Голден Стејт е на биланс од 43/18 и само една победа го дели од второпласираниот на Запад, Денвер.


Лидерот на Источната конференција, Милвоки се изнамачи за победата на Сакраменто, славеше со 141-140 дури по продолженијата. Ерик Бледсо му ја одзеде славата на Јанис Адетокумбо и со петтиот трипл-дабл во кариерата, 26 поени, 13 скока и 12 асистенции го предводеше тимот до победата.

Лука Дончиќ се врати на вообичаената рутина, го предводеше Далас до победата од 110-101 над Индијана. Словенецот постигна 26 поени, имаше и 10 скока, а ги погоди и двете клучни тројки во завршните две минути. Дебитантот имаше помош и од ветеранот, Дирк Новицки кој постигна 11 поени. Кај Индијана, прв стрелец беше Бојан Богдановиќ со 22 поени.

 


Сан Антонио конечно ја прекина серијата порази, по три последовни неуспеси славеше над Детроит со 105-93. Јута оствари победа над ЛА Клиперс од 111-105, Лос Анџелес Лејкерс го победија Њу Ореланс со 125-119, Леброн Џејмс постигна 33 поени.

 


Хјустон триумфираше на гостувањето кај Шарлот со 118-113, Џејмс Харден погоди само една тројка од 11 обидни, но средбата ја заврши со 30 поени.

 

Се вчитува...