Дончиќ самокритичен и по трипл-дабл учинок: Морам да бидам подобар

Лука Дончиќ одигра нов одличен натпревар во финалето од НБА лигата, но и покрај трипл-даблот неговиот Далас го претрпе и вториот пораз од Бостон.

Говорејќи за медиумите по средбата словенечкиот кошаркар не го криеше незадоволството од поразот, а говореше и самокритички велејќи дека и самиот тој треба да биде подобар за неговиот тим да има шанса да ја добие серијата.

„Секој пораз е пропуштена шанса. Имавме шанса, но не ја искористивме и тоа е тоа. Во кошарката победува оној кој ќе даде повеќе кошеви, а тоа овој пат беа тие. Таа е филозофијата“, изјави Дончиќ кој се осврна и кон следниот предизвик пред своите навивачи.

„Бостон е одличен тим, не беа први на крајот на сезоната без причина. Мораме ние да бидеме подобро, поготово јас па сите останати за да би успеала да ги совладаме и да останеме во игра за тронот“

Се вчитува...