Дончиќ: Се ме боли, повторно го повредив коленото…

Кошаркарите на Далас Маверикс успеаја да го одбранат домашниот терен во третиот натпревар од полуфиналната серија против Оклахома и да поведат со 2-1 во серијата на крилја на Лука Дончиќ кој и покрај тоа што беше неизвесен за настап на средбата реализираше „дабл-дабл“ учинок во триумфот од 105-101.

Словенецот кој веќе одредено време се мачи со повреда на десното колено доби и удар во лицето, а имаше и тежок пад директно на грбот па по натпреварот проговоре и за ситуацијата со која се соочува.

„Се ме боли. Во последната акција поминав помеѓу два дефанзивци. Јасно, никој не ме ни допре. Знаете, повторно го повредив коленото… Само се обидувам да бидам подобар на теренот. Мораме да победиме. Тоа е единственото нешто што е важно“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...