Дончиќ се врати, но Далас загуби, Јокиќ за малку до нов трипл-дабл

Денвер експресно се рехабилитираше од поразот од Голден Стејт, па синоќа рутински триумфираше над Сан Антонио со убедливи 113-85. Во главна улога беше Никола Јокиќ, откако српскиот центар доминираше во рекетот и го заврши натпреварот со 20 поени, 11 скокови и 9 асистенци. Токму Јокиќ е најзаслужен што Денвер пред самиот финиш на регуларниот дел од сезоната е второпласиран во Западната конференција, но за да остане на тоа место неопходно ќе биде да се издржи налетот на Хјустон, кој во моментов има два порази повеќе од Нагетс.

„Ракетите“ синоќа стигнаа до уште еден лесен триумф, на гостувањето против ЛА Клиперс потврдувајќи дека одлично ја имаат темпирано формата за стартот на плејофот (103-135). Харден постигна 31 поен за Хјустон, а одличен беше и Крис Пол со 29 поени и седум асистенции.

Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас откако ги пропушти последните две средби, постигна 27 поени, но и тоа не беше доволно за да се избегне пораз на домашен терен од Минесота од 108-110.

Резултати НБА:

Детроит – Индијана 89-108, Орландо – Њујорк 114-100, Вашингтон – Чикаго 114-115, Атланта – Филаделфија 130-122, Бруклин – Торонто 105-115, Мајами – Бостон 102-112, Њу Орлеанс – Шарлот 109-115, Далас – Минесота 108-110, Денвер – Сан Антонио 113-85, Феникс – Јута 97-118, Портланд – Мемфис 116-89, ЛА Клиперс – Хјустон 103-135.

Се вчитува...