Дончиќ: Секогаш ќе бидам „мадридиста“

Младиот словенечки кошаркар Лука Дончиќ призна дека е изненаден од игрите кои ги прикажа во „руки“ сезоната во НБА лигата, но и дека и покрај тоа што замина од Реал Мадрид, секогаш ќе биде „мадридиста“ и кога и да може ќе ги следи мечевите на омилениот клуб.

„Не очекував дека сезоната ќе биде одлична. Знаев дека можам да играм добро, но не мислев дека нивото може да е толку високо. И понатаму сум „мадридиста“. Секогаш ги следам мечевите на Реал.“, изјави Дончиќ. 

Дончиќ дебитираше во најсилната кошаркарска лига во светот во дресот на Далас Маверикс, во кој просечно забележа 21,2 поени, 7,8 скока и 6 асистенции, а беше избран и во „руки“ тимот на годината.

Се вчитува...