Дончиќ: Секоја награда ми е важна, таа за играч на месецот особено

Кошаркарот на Далас Маверикс призна дека наградата за најдобар играч на месецот во Западната конференција го мотивира да биде што подобар.

„Секоја награда ми значи многу, оваа посебно. Тоа е голема работа која ме мотивира да продолжам да работам напорно. Секако, немаше да ја освојам доколку тренерот и соиграчите не ми помогнаа во тоа“, изјави Дончиќ. 

Младиот Словенец сезонава игра на МВП ниво, а покрај тоа што ја освои наградата за најдобар кошаркар на месец ноември на Западот, тој урна и неколку рекорди кои беа во сопственост на најголемите кошаркари на сите времиња.

Се вчитува...