Дончиќ си поигрува со противниците во НБА и во новата сезона (ВИДЕО)

Еден од најталентираните млади кошаркари во светот, Лука Дончиќ беше прво име во поразот на Далас во подготвителниот меч со Детроит од 117-124. Најдобриот новајлија за минатата сезона во НБА натпреварот го заврши со 21 поен, 8 скока и 5 асистенции. Тој продолжува да ја воодушевува светската кошарска јавност со атрактивните потези кои ги пренесе и во новата сезона.

 

Се вчитува...