Дончиќ со најмногу гласови по првиот пресек за Ол-стар

Лука Дончиќ по првиот пресек има освоено најмногу фанови од кошаркарските фанови за натпреварот меѓу најдобрите во НБА лигата. Неверојатниот Словенец досега собра 1,073,957 милиони гласа. Второто место и припаѓа на ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо кој досега собра 1,073,358 милиони гласа од фановите.

На листата во топ пет следуваат кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, како и првата ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден.

Ол-стар викендот во НБА лигата ќе биде одржан од 14 до 16 февруари годинава, а домаќин ќе биде легендарниот „Јунајтед центар“ во Чикаго.

 

View this post on Instagram

 

The first returns from #VoteNBAAllStar 2020! Tap link in bio to make YOUR vote count twice today ?️

A post shared by NBA (@nba) on

Се вчитува...