Дончиќ со специјална посвета за Коби и за сите жртви од несреќата (ФОТО)

Лука Дончиќ го одигра во голем стил првиот меч по смртта на Коби Брајант, предводејќи го Далас до триумф на гостувањето во Оклахома Сити.

Младиот Словенец ги испиша имињата на Брајант, неговата ќерка, но и на сите жртви во страшната хеликоптерска несреќа на патиките со кои настапи против Оклахома, на тој начин давајќи им почит, но и поддршка на нивните семејства во овие тешки моменти.

„Убедливо најтежок натпревар што сум морал да го играм. Се уште не можам да верувам. Секогаш со нас“, напиша Дончиќ на својот твитер-профил.

Се вчитува...