Дончиќ со трипл-дабл го потопи Голден Стејт (ВИДЕО)

Далас му го нанаесе на НБА шампионот, Голден Стејт најубедливиот пораз сезонава. Славеше на гостувањето во Оукленд со 126-91 во натпреварот во кој на Лука Дончиќ му беа потребни само три четвртини за да го забележи шестиот трипл-дабл во кариерата.

За 27 минути на паркетот, постигна 23 поени, а имаше и 11 скока и 10 асистенции. Покрај него дуелот за Далас го обележа и ветеранот Дирк Новицики кој ја одигра партијата на сезоната, постигна 21 поен и беше испратен од публиката со овации.

Кај шампионот во отсуство на Стеф Кари, прв стрелец беше Кевин Дурент со 25 поени, но, за тројка имаше шут 0-8.

Оваа победа, 29-та сезонава не значи многу за Далас, отанува на 13-то место во Западната конференција, но Голден Стејт кој го претрпе 23-от пораз го загуби првото место на Запад од Денвер кој има идентични 49 победи, пораз помалку, но и натпревар помалку.

НБА резултати: Вашингтон- Мајами 108:113, Атланта – Филаделфија 129:127, Чикаго – Јута 83:114, Мемфис – Минесота 99:112, Портланд – Деторит 117:112, Сакраменто – Феникс 112:103.

Се вчитува...