Дончиќ царува во НБА: Словенецот стана вториот најмлад кошаркар со трипл-дабл (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не му помогна на Далас да го избегне поразот од Милвоки, но влезе во историјата на НБА – лигата. Тој го оствари првиот „трипл-дабл“ во НБА и стана вториот најмлад кошаркар на кого тоа му успеало во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Дончиќ запиша 18 поени, 11 скока и десет асистенции и застана во историјата веднаш зад рекордерот Маркел Фулц. Дончиќ успеа со 19 години и 327 дена, а Фулц беше само десет дена помлад кога оствари трипл – дабл.

Милвоки го совлада Далас со 116-106, Оклахома беше подобра од Њујорк на гости (109-127), а Бруклин го декласира Сакраменто (123-94).

 

Се вчитува...