Дончиќ во Ол-стар тимот според гласовите на навивачите, Леброн убедлив лидер

Леброн Џејмс ја предводи Западната, а Јанис Антетокуомпо Источната конференција во првиот бран гласови од навивачите во изборот за кошаркари кои ќе бидат дел од Ол-стар викендот во НБА лигата. Лука Дончиќ ја држи четвртата позиција.

Гласовите од публиката се само еден дел од изборот. Тие придонесуваат со 50 проценти. Останатата половина од гласовите ја сочинуваат играчите и претставниците на медиумити, со идентични делови од по 25 проценти.

Следната објава на бројот на гласовите од фановите е на 10. јануари. Првите петорки ќе бидат објавени на 24 јануари, а резервите пет дена подоцна.

Ол-стар викендот оваа сезона ќе биде во идентичен формат како и минатата година, а ќе се одржи во „Спектрум Центар“ во Шарлот од 15 до 17 февруари.

 

Се вчитува...