Лука Дончиќ повторно го воодушеви кошаркарскиот свет со новото перфектно издание за триумф на Далас против Голден Стејт. Беше најдобар стрелец (35), најдобар асистент (11) и најдобар скокач (10) во својот тим. Па, сосема оправдано веќе се истакнува како најсериозен кандидат за МВП признанието.
„Слушнав за тоа. Многумина навиваат за мене, но јас не се оптоварувам со МВП признанието. Јас само си играм кошарка и ми е навистина мило што победуваме на натпреварите“ – истакна Дончиќ по синоќешниот натпревар.
Словенецот е рамнодушен и околу многуте споредби со Леброн Џејмс, но и рекордите кои ги презема од големите ѕвезди.
„Тоа е нешто посебно. Има многу големи имиња, многу суперѕвезди. Навистина тоа ми значи, но ќе повторам дека јас само сакам да уживам во кошарката“ – вели Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА