Дончиќ за инает на сите што не го гласаа, со рекорд до место во ексклузивниот клуб (ВИДЕО)

Словенечката дебитантска ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ го одигра најдобриот натпревар од доаѓањето во лигата и го предводеше Далас со победата над Кливленд од 111-98. Дончиќ постигна 35 поени и имаше и 11 асистенции.

Со ова Словенецот стана само седмиот играч во НБА историјата кој успеал да постигне 1.000 поени како тинејџер. Во овој ексклузивен клуб пред него беа уште Леброн Џејмс, Коби Брајант, Кевин Дурант, Кармело Ентони, Девин Букер и Двајт Хауард.

 


Се вчитува...